Тажна исповед на Илда Шаулиќ по загубата на бебето: Ги чувствувам последиците од интервенцијата

На почетокот на јули, пејачката објави дека таа и нејзиниот сопруг Бојан Вучковиќ (50) очекуваат бебе, а во исто време и дека е позитивна на коронавирус. Таа направи тест токму поради бременоста и поради бројните контакти што ги имала кон средината на јуни на роденденската забава на нејзиниот брат Михајло.

- Со оглед на сè што поминав, добро сум. Се разбира, сè уште чувствувам некои последици од интервенцијата, но сето тоа ќе помине. Многу е поважно што, и покрај сè, успеав да го зачувам мојот внатрешен мир, се помирив со ситуацијата за која многу ми помогнаа моето семејство и пријателите. Тие за мене се секогаш тука и ми помогнаа неизмерно – изјави Илда, за списанието Глорија.

Илда споделила и за најтешкиот момент што го имала потоа, како да и објави на нејзината ќерка Ејми дека бебе нема да има.

- За среќа, имам паметно и неверојатно зрело дете за нејзина возраст. Таа на сите по телефон им кажуваше дека ќе добие брат или сестра. Ејми го прифати ова како неизбежност. Таа инаку е таква. Кога тато почина, и реков дека е на пат, обидувајќи се да ја поштедам на тој начин. Не знаевме како да и ја кажеме вистината. И тогаш, во една прилика, кога и го дадов вистинскиот одговор, таа рече: „Дедо ми не е на пат, тој е со ангелите“. Бевме шокирани, но сфативме дека не треба да криеме премногу работи од неа - заклучува Илда.


Фото: Фејсбук

(ФОТО) Недостига твојот глас што лечеше сѐ: Сопругата на Шабан Шаулиќ со емотивна објава за неговиот роденден