Тажната приказна за хитот кој се пее на денешниот празник: Како настанала песната „Ѓурѓевдан“

Познатата српска народна песна „Ѓурѓевдан“, која подоцна ја преработи и Горан Бреговиќ за „Бијело дугме“ има тажна приказна. Настанала, како што пишува белградски „Телеграф“ во „возот на смртта“ кој патувал од Сараево за Јасеновац, сведочи историчарот на уметност Жарко Видовиќ, кој бил во озлогласениот фашистички логор во 1942 година.

Гладни и жедни, луѓето кои патувале во возот накај логорот почнале да лелекаат, и еден човек од Сараево ги запеал стиховите: „Proljeće na moje rame slijeće, đurđevak zeleni, svima osim meni." Според зборовите на историчарот, на патот накај логорот, без храна и без вода, затворениците почнале да паѓаат во несвет од страв и од неизвесност. 

Покојниот актер Давор Дујмовиќ беше главна улога во филмот 

Со возот, тој 6 мај во 1942 во логорот биле транспортирани 3.000 луѓе, а од таму се вратиле многу малку. 

Дел од српките медиуми ја објавија оваа приказна која наводно му била инспирација на Бреговиќ да го напише хитот на „Бијело Дугме“. Подоцна, Фејсбук страницата „Компромис 69“ ја демантираше оваа приказна и објави сосема друга.

„Песната „Ѓурѓевдан“ од Бијело Дугме настана по обработката на една стара, убава ромска љубовна песна, „Едерлези“, која ја направил за филмот „Дом за бесење“ на Емир Кустурица, а подоцна ја преработил за албумот „Ќирибирибела“ кој излезе во 1988 година“, пишува Фејсбук страницата. 

Синоличка Трпкова во култната сцена од филмот „Дом за бесење“ „Песната е една моја мала посвета за Ѓорѓе Балашевиќ. Првобитниот стих за таа песна е еден стих од Балашевиќ, од неговата „Прича о Васи Ладачком“, „Када нисам со оном коју волем“, изјави Бреговиќ.