ТЕА ТАИРОВИЌ ДЕНЕСКА СЕ МАЖИ: Откриени детали од свадбата!

Добивај вести на Viber

Теа Таировиќ денеска по две години врска треба да го каже судбоносното „да“ на својот избраник и соработник Иван, во родниот Нови Сад.

Според планираното, венчавката ќе биде организирана далеку од очите на јавноста, во интимна атмосфера. На прославата ќе присуствуваат само најблиските членови на семејството, пријателите и неколку колеги од естрадата.

Меѓу гостите се и пејачките Сања Вучиќ и Барбара Бобак кои се во одлични односи со Теа. Сите детали од церемонијата се чуваат во строга тајност, а Теа ги замолила своите роднини информациите за венчавката да останат доверливи.

Како што пренесуваат медиумите, Теа ангажирала агенција за венчавки и им ги кажала своите желби бидејќи не сака дополнително да се исцрпува, со оглед на тоа што и претстои напорна летна турнеја и мора целосно да се посвети на деловните обврски.

Пејачката пред три месеци одлучила каква венчаница ќе облече за нејзиниот најсреќен ден, а според упатените, фустанот кој Ким Кардашијан го носела кога се омажила за Канје Вест, многу и се допаднал. Наводно, Теа веднаш контактирала со француски дизајнери за да и направат ваква венчаница. Само Теа сакаше нејзиниот превез да биде поинаков, па и самата нацртала како сака да изгледа, а тоа го направиле креаторите кои ја изработиле и венчаницата.

Наводно, целата свадба Теа ќе ја чини околу 100.000 евра, а само за венчаницата која пристигнува од Париз ќе треба да потроши 18.000 евра.

И Теа Таировиќ во наредниот период планира да му се заколне на вечна љубов на Иван пред Бога, а како една од локациите се споменува и познатиот Фрушкогорски манастир. Но, деталите за тоа сè уште се чуваат во тајност.