Тешка животна приказна на самохраната мајка Лилјана: Се грижи за двете неподвижни деца

Една несреќа никогаш не доаѓа сама, така е и во семејството Чолиќ од Љубосело. Самохраната мајка (71) во скромно приземје се грижи за тешко болниот син Александар (48) а неколку километри оддалечена во стан од истата болест страда и нејзината две години помлада ќерка Јелена (46). Нивната болест „Morbus neuroni motori“ - болест на моторниот неврон им ги земала најубавите години од животот и ги врзала за постела.

„Моите деца беа здрави, редовно одеа на часови, беа добри ученици. Аце служеше војска, нашиот живот беше нормален и сè беше во ред. Останав сама со нив кога имаа три и пет години, но се борев и тие никогаш не беа болни. И тогаш одеднаш започна нашата агонија, најпрво Аце на 27-годишна возраст, започна нестабилно да оди, од ден на ден состојбата се менуваше на полошо, бидејќи мозочните клетки умираа, болеста ја покажа целата лоша страна. Видот и говорот му се оштетени, не може да се движи, мна почетокот можеше да седи, чита весници, сега е врзан за кревет и не може да стори ништо. Не можам да го оставам сам, јас сум со него 24 часа на ден, ако треба да одам во градот, и плаќам на жена да се грижи за него“, раскажува за РИНА Лилjана Чолиќ.

Оваа напатена жена веќе 20 години се грижи за болниот син, а во последните 10 години и за ќерката. Оваа тешка болест им го уништила животот на братот и сестрата и секоја надеж за подобро утре.

Јелена се разболела подоцна, но еве веќе 10 години и таа страда како нејзиниот брат. Таа е самохрана мајка на 17 годишниот син Никола, кој за жал повеќе не може да го види поради оваа болест. Целосно е слепа, не може да се грижи за себе не станува од кревет. Морав да платам жена да ја чува бидејќи јас сама не можам да се грижам за двајца возрасни луѓе, тоа е мака. Нашите животи се претворија во пекол, не знаеме веќе да се радуваме. Состојбата на Александар станува се потешка, целосно е врзан за постела, вели со треперлив глас оваа храбра мајка.

Лилјана сите овие години се бори со помош на добри луѓе, како што вели најмногу и значи пддршката и пријателската рака, бидејќи тогаш знае дека не е сама.

„Повремено некој ќе се сети на нас, ни испраќаа Коензим Q 10, пакети за куќата. Српската братска помош од Канада ни испраќа финансиска помош четири месеци. Поранешниот претседател на општината, Драган Живановиќ, секогаш ми излегуваше пресрет, тие помогнаа да се поплочи влезот во куќата. Имам 14.000 пензија и исто толку пари Аца добива туѓа нега. Најмногу купуваме пелени, потребен ни е прашок, 10 килограми, едвај трае десет дена. Хигиенските производи се секогаш потребни затоа што обајцата се во кревет 24 часа на ден“, раскажала Лилјана.


Izvor/foto: RINA

Може да ве интересира:

Го кине срцето: Мајката на пронајденото мртво момче во Ниш со молба - Сине мој ...