Тешката судбина на Александра: Киднапирана како бебе, ги бара биолошките родители за да ја дознае вистината
Александра Станковиќ од Ниш е во потрага по своите биолошки родители и вели дека нема да се откаже сѐ додека не ги најде, па е подготвена да се соочи со вистината, каква и да
- Никогаш нема да престанам да ги барам моите биолошки родители, затоа што сакам да го знам моето потекло, без оглед на вистината до која ќе дојдам. Имам семејство, деца и сакам да знам дали имам браќа, сестри, дали моите деца имаат братучеди, светот е мал - рече Станковиќ, која е родена на 4-ти јули, 1977-ма година во Ниш.
Таа вели дека ќе и биде тешко, бидејќи знае што и недостигало, но и што нејзината биолошка мајка пропуштила.
- Таа не гледала како расне нејзината ќерка. Не се остварила во најубавата улога-мајка. Тоа ќе биде тешко и убаво- вели Станковиќ.
Нејзиниот случај е единствен, бидејќи има сомнение дека била киднапирана за време на раѓањето, па се обратила за помош на Здружението за вистина и правда за бебиња.
Сите кои се посвоени сакаат да го дознаат својот вистински идентитет и зошто се нашле на посвојување. Специјалниот советник на министерот за труд во Србија, Драган Вулетиќ, вели дека таквите реакции се нормални и заеднички.
- За секој од нас е нормално да сакаме да знаеме кои сме и зошто не оставиле родителите. Одговорите на овие прашања кога и зошто да не се противат на посвојувањето. Баш спотивно, создаваат екстремна доверба и разбирање и извонредна емоционална размена меѓу посвоениот и посвојувачот- раскажа Вулевиќ.