Тешките удари од најдобрата пријателка ѝ направиле пресврт во животот: Приказната на Агафи Гаџова, сопственичката на првиот Центар за справување со стрес во нашата држава

Добивај вести на Viber

Приказната на Агафи Гаџова за многумина ќе звучи нереално, но оние кои навистина ја познаваат, знаат колку долг пат поминала за да си го спаси својот живот.

Таа по професија е биохемичар и секогаш се раководела од научните факти. Нејзиниот аналитичен ум секогаш барал и бара логично објаснување на она што се случува, а со особено внимание ги следи новите достигнувања во светот на молекуларната биологија, квантната физика и медицината. 

Како и многу други луѓе во нашата држава, така и Агафи со години ја работела работата која не била нејзина стручна определба. Сепак, на крајот од денот, љубовта кон квантната физика, како и кон новите гранки во биологијата, биле причина да продолжи да се развива во својата професија.

Животното искуство, но и љубовта кон професијата ја довеле до идеја да го отвори првиот Центар за справување со стрес, подмладување и регенерација на квантно ниво во нашата држава.

„Животот е навистина непредвидлив. Во 2019 година ми се случија неколку последователни настани што класичната медицина не можеше да ги објасни. Тоа беа мошне мрачен период, но некаква внатрешна сила ме водеше по мојот лек. Тогаш не знаев која е таа сила која ме води, но денес  сум сигурна дека тоа беше мојата интуиција или како што уште се нарекува, индивидуална креативна интелигенција“ – ја започна својата приказна Агафи, а потоа продолжи:

„22 Мај 2019 година никогаш нема да го заборавам. Имав тежок ден. Добив тешки удари од мојата најдобра пријателка на која најмногу ѝ верував. Разговорот беше страшен. Ликот ѝ беше променет, а зборовите кои ги користеше беа длабоко вознемирувачи и искажани со презир и омраза. Не ја препознавав повеќе иако потсвесно знаев дека нешто се случува. Моето тело слабееше од внатре уште од февруари 2019 година, но на свесно ниво одбивав да верувам дека мојата состојба може да биде поврзана директно со нејзината енергија.“

Она што следувало, е прикзна за себе:   

„Беше рано утро. Не знам дали беше сон или јаве. Неколку пати ме обиколи црна енергија со црвени стрели околу целото тело. Отворив очи и целата бев испотена. Се беше водено на мене. Срцето ќе ми излезеше од градниот кош. Станав и тогаш за првпат почнав да мислам дека постои и друг свет во кој никогаш не сум верувала. Од тој ден престанав да спијам и станав комплетно дезориентирана. Направив медициснки испитувања и сè беше во ред на физичко ниво. Но јас не се чувствував добро и секој ден сè повеќе тонев. Тогаш како некоја сила да ме натера да напишам на компјутер квантна медицина и енергетски третмани и на пребарувачот се појавија две имиња во Белград. Веднаш закажав прегледи. Бев воодушевена од прегледот кој траеше цели 2 часа. Како да бев на компјутерска томографија и имав направено целосна крвна анализа. Со оглед на тоа што ја знаев мојата здравствена состојба и борбата со кандидата, после земањето на многу кортикостероиди поради алергијата, бев изненадена како е можно апаратот да прочита без дополнителни медицински прегледи дека имам кандида. И се случи нешто што ја вознемири докторката. Апаратот прочита шок на организмот, комплетно празнење на надбубрежната жлезда, блокирани меридијани и чакри (оние што се бават со алтернативна медицина ќе разберат за што станува збор) како и голема надворешна негативна енергија. Веднаш почнав со третмани за деблокирање и смирување на организмот. Разговорот со познатиот психолог во Белград беше навистина смирувачки и од неа за прв пат дознав за Квантна Хармонизација како метода за враќање на телото во баланс.“


Сево ова ја натерало да почне да работи на себе, но и да отвори сопствен центар за справување со стрес, подмладување и регенерација на квантно ниво.

„Почнав да работам интензивно на себе и да ја изучувам метафизиката од гледиште на квантната физика. Заминав на обуки за енергетски техники надвор од Македонија. Во меѓувреме, имав повеќе енергетски иницијации кои ми помогнаа да се вратам полека во баланс. Работев со повеќе  исцелители од Ирска, Србија, Словенија и Црна Гора. Чуден и неверојатен е тој пат. Ако еднаш тргнете по него и длабоко верувате, вратите сами ви се отвораат. Така и во Македонија дојдов во контакт со неколку исцелители. Од особена важност беше моето познанство со жената која има вроден талент, многу знаење во себе и која неверојатно добро ги работи семејните констелации. Таа е мојата светла ѕвезда која ме води и бескрајно сум и благодарна.

Иако самата се уверив дека енергетските техники делуваат и дека сакам да работам со нив, ми требаше и научен пристап каде клиентите ќе може да го видат протокот на енергијата во нивното тело и како истата делува на органите и органските системи. Така дојдов до Bio-Well камера - уред со кој на многу едноставен начин се анализира психо-физичката состојба и тоа преку три параметри: нивото на стрес во телото, енергијата во органите и органските системи и баланс/дисбаланс на автономниот нервен систем. Патентиран е од страна на рускиот биофизичар д-р. Константин Коротков, професор по компјутерски науки и биофизика на Универзитетот за информатички технологии, механика и оптика во Санкт Петерсбург во Русија, а се произведува во САД.

Отидов чекор понатаму и стапив во контакт со Институтот за лингвистично-бранова генетика (квантна генетика) и Центарот за подобрување на здравјето Молекула од Загреб. Станав нивен партнер и искрено верувам дека тие се пионери на новото време. Ги користев нивните звучни квантни матрици за подобрување на имунолошкиот систем, детоксификација и подмладување на организмот. Резултатите од нивната примена се повеќе од очигледни.“

Според Агафи вербата во себе и истрајноста се клучот за добивање на посакуваните промени, а за да се дојде до тие промени, таа ни откри кои услуги ги нуди во својот центар.

„Постојат безброј енергетски методи кои ни овозможуваат да работиме на себе, на своето целокупно здравје. Повеќето од нив се илјадници години стари и денес се предмет на истражување на лекари и научници. Центарот нуди енергетски техники, а тоа се Квантна Хармонизација и Пристап до свесноста кои овозможуваат деблокирање на неуронските врски каде се запишани одредени уверувања со помош на квантниот бран кој се повикува од универзалното поле. Повеќе за овие техники можете да прочитате на веб-страницата на AGAPE Bio Well. Центарот наскоро ќе ја нуди и техниката Реики како одлична техника за смирување и исцелување, но самата техника е изменета бидејќи не се користат Реики симболите.  

Wing Wave е патентирана техника на Институтот за применета психологија која се применува кај лица за справување со секојдневниот стрес. Оваа техника овозможува да ги исчистиме и стравовите што ги носиме во себе. Интересно е тоа што големите корпорации на запад ја користат оваа метода за да им помогнат на вработените во справувањето со секојдневните проблеми.

Со Bio Well камерата која засега ја има само во центарот, се креираат бинаурални звуци специјално дизајнирани за секој клиент посебно и тоа врз основа на нивото на стрес во телото. Со слушањето на овие звуци се подобрува целокупната состојба на организмот, се зголемува неговата енергија и се редуцира стресот, а резултатите од неговата примена, лицето кое се испитува може и визуелно да ги види. Постојат преку 200 научни студии за работата на овој уред кои се објавени во еминентни научни списанија кои се широко прифатени, a сите истражувања се објавени на веб-страницата.

Центарот е единствен по тоа што нуди регенерација и подлмадување на квантно ниво. Техниката на подмладување, односно процесот на спречување на стареење и регенерација се базира на принципите на квантната физика. Регенрацијата се одвива постепено на субатомско ниво.“

Гаџова посочува дека со поголемиот дел од клиентите останува во контакт и дека секогаш е отворена за совет – едноставно задоволството на нивните лице не може да го замени со ниту еден друг подарок.

„Не постои магично стапче за решавање на проблемите. Работата е многу специфична. Ја работам со многу љубов и исконска желба препреките со кои се соочуваат клиентите да се пребродат. Кај некои потребни се само некоклу третмани и промените се случуваат. Кај други, потребно е време. Некои доаѓаат редовно за балансирање или имаат потреба само за разговор. Но за сите е карактеристично што се спремни за работа на себе. Поврзувањето со клиентите е неминовно. Чувствувам кога се среќни или кога нешто ги мачи. Нивниот успех буди неизмерна радост во моето срце. Насмевката, нивниот топол поглед и силната прегратка се најголемиот подарок кој може да го добијам од моите клиенти.“

За тоа колку оваа работа и финансиски исплатлива кај нас, Агафи остава да покаже времето, но вели дека сме на добар пат и дека за разлика од некои други држави, ние допрва се будиме.

„Колку и да звучи чудно, светот полека функционира во една нова димензија. Бев изненадена кога дознав дека дел од осигурителните компании во Калифорнија ги признаваат трошоцоите поврзани со алтернативните начини на исцелување. На Балканот има доста освестени поединци. Во Словенија на пример, населението е толку информирано за квантните матрици. Не им треба никакво објаснување, се јавуваат и ги нарачуваат.

Во Македонија не е лесно. Луѓето се скептични и на сè што не е поврзано со официјалната наука се гледа со скептицизам. Но, полека и ние се будиме. Пријатно сум изненадена што лекари, фармацевти, стоматолози сè повеќе веруваат во холистичкиот пристап и запознаени се со методите кои ги користам. Доаѓаат и освестени луѓе кои интензивно работат на себе.

Јас работам со многу верба и љубов и знам дека методите кои ги користам делуваат бидејќи истите ги користев во процесот на моето исцелување. Одржувам и презентации со цел да ја запознаам јавноста со истражувањата и фактите за услугите и призводите кои ги нудам. Верувам дека во блиска иднина западната конвенционлана наука ќе има холистички пристап спрема здравјето. Ние сме пред сè емоционални битија и нашата ментална и емоционална состојба се главни причинители за многу заболувања.“

Како за крај, не можевме, а да не го поставиме прашањето за тоа која е разликата помеѓу она што го прави Агафи и она што го прават „самопрогласените“ биоенергичари.

„Пред сè, сакам да кажам дека има поединци кои одлично си ја вршат работата и на кои искрено им верувам. Некои од нив лекуваат со биоенергија и се одлични. Едни имаат способност да се поврзат со одредени канали од каде ги добиваат информациите, а други влегуваат во морфичкото поле на клиентите од каде ги читаат информациите, трети се одлични во кармичките чистења итн.

Мојата работа е поинаква. Ниту сум видовита, ниту лекувам со бионергија. Со неизмерна љубов и почит се обраќам до Божествената енергија кога ги работам енергетските третмани. Божествената енергија (некои ја нарекуваат универзална енергија) ја предавам на моите клиенти и таа секогаш делува прво таму каде што е неопходно. Практично, јас лично не правам ништо, само знам да ја канализирам енергијата.

Се разликувам од другите по тоа што користам научно докажани методи за мерење на стресот во телото и го користам звукот не само како терапија, туку и за регенерација и подмладување.

Дополнително, единствена сум на пазарот во Македонија која нуди високо квалитетни производи од Русија и Јапонија кои користат скаларна енергија за чистење на биополето на човекот, енергизирање на храната и водата како и производи за чистење на негативната енергија во просторот базирана на истата и звуци извлечени од посебни видови на кристали и рамни ѕвона кои го активираат десното ориентирано торзионо поле (проток на позитивна енергија во просторот).

Она што сакам да го кажам за крај, здравјето и личната среќа на моите клиенти ми е најважна и затоа секогаш сум во соработка со други исцелители или центри кои на свој начин допринесуваат проблемите на клиентите да се решат. Тоа што треба сите да го научиме е дека во универзумот  сè се заснива на соработка, а не на борба.“

* ПР - објава