Тест за Ковид-19 само со државите кои бараат и од македонските граѓани: За аеродромите ниту збор

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести се разговарало за процесот на отворање на границите, односно за тоа каков предлог да дадат до Владата, бидејќи ова е една од последните рестриктивни мерки за која се очекува наскоро и да се укине.

Од Комисијата за заразни болести велат дека ќе важат реципроцитетни мерки со државите а тоа ќе значи:

- За влез од Србија во нашава земја нема да се бара тест за корона вирусот, бидејќи и Србија не бара од нашите граѓани, истото ќе биде и со Албанија. Што се донесува до останатите соседни држави Грција најави отворање на границите на 1.јули, но се уште нема конкретни информации како ќе се одвива протокот на патници помеѓу нашата земја и Грција. Истовремено, остануваат затворени и границите со Бугарија, велат од Комисијата за заразни болести за Фактор

Што се донесува, пак до отворањето на двата аеродроми во нашава земја, односно во Скопје и во Охрид, од Комисијата за заразни болести потврдуваат дека за ова воопшто не станало збор. 

-Се уште е рано, велат, и додаваат дека на некој од наредните состаноци ќе го отвориме и ова прашање.