„Ти паѓам ли понекогаш на памет па да ми ти затрепери срценцето“: Доза љубовни шепотења на Снеже Велков
Со нова доза на Љубовни шепотања се претстави Снеже Велков на Инстаграм.
Познатата водителка на емисијата „Нешто Конкретно“ и инфлуенсерка која е позната во јавноста по редовното возење на велосипед на скоро сите временски прилики, па и неприлики, готвењето на веганска храна и фотографиите со убавиот стајлинг се огласи на Инстаграм со уште еден од душа напишан текст:
„Ти паѓам ли понекогаш на памет?
Ете вака сосем случајно па да ми ти дојде да се насмееш со крајчето на устата
Ти паѓам ли по некогаш на памет па да кренеш поглед и да ме побараш таму каде ме нема
Ти паѓам ли некогаш на памет па да си пуштиш песна да видиш дали е уште нашата
Tи паѓам ли понекогаш на памет на ладново кога ќе ставиш рацете во јакната па да ги побараш моите рачиња
Ти паѓам ли понекогаш на памет да ми ти ја стопли душичката, мислата
Ти паѓам ли понекогаш на памет па да ми ти затрепери срценцето
Ти паѓам ли понекогаш на памет да си речеш еј кај ми беше паметот та ја изгубив.
Прашувам оти штотуку ТИ ми падна на памет.. .
Водителката месецов ја започна својата четврта сезона од емисијата „Нешто конкретно“.
Инаку, овој месец започна и најновата четврта по ред сезона на емисијата „Нешто Конкретно“, а токму за тоа во интервју за Женски магазин Снеже сподели:
- Новина е тоа што по барање на гледачите ќе траеме подолго бидејќи ни се случувало често да ни кажат „таман почна заврши емисијата“, па се надевам дека оваа сезона подолгата минутажа ќе ги задоволи вкусовите на публиката.И оваа сезона ќе се обидеме да бидеме доволно провокативни за да не забележат, доволно инспиративни за да бидеме тема на муабет и доволно иновативни за да направиме промена и секако најважното да останеме на ниво на задачата, откри тогаш водителката, а целото интервју погледнете го ТУКА.
Фото: Инстаграм/ Женски магазин - архива
Р.Ж.М.