Тие се свекрви, познати и отмени, но од пеколот: Не ги сакаат своите снаи и ги сметаат за недостојни во нивното семејство

Познатите дами често влегуваат во конфликти со своите зетови и снаи, а некои од нив навистина претеруваат

Познато е дека односите меѓу свекрвата и зетот, како и свекрвата и снаата често се затегнати. Обично има помала или поголема доза на нетолеранција и често се случуваат конфликти. Со мешање во брачните животи на нивните деца, мајките можат да создадат вистински хаос.

Ако се земе предвид дека станува збор за богати семејства, каде подоцна ќе дојде до поделба на големото богатство, тогаш несогласувањата се неизбежни.

Очите на јавноста често се насочени кон познатите дами кои станале свекрви и баби, а секој нивен потег е одмерен. Додека некои го прифаќаат изборот на нивните деца, некои отворено покажуваат нетрпеливост.


Викторија Бекам

Најстариот син на Викторија, Бруклин неодамна се ожени со богатата наследничка Никол Пелц. Се шират гласини дека Викторија и Никол не се поднесуваат идека Викторија е свекрва од пеколот. 

Пред венчавката двете наводно биле во идилична врска, често споделувајќи ги своите идилични моменти на социјалните мрежи. Сепак, не долго по венчавката, врската значително се влоши.

Имено, Бурклин морал да потпише предбрачен договор, за Никол да го зачува своето богатство во случај на развод. На Викторија и Дејвид тоа не им се допаднало многу. 

Сепак, не беше ништо необично со оглед на тоа што таткото на Никол Пелц е американскиот бизнисмен Нелсон Пелц чие богатство се проценува на 1,3 милијарди фунти, што е околу три пати повеќе од имотот на родителите на Бруклин.

Имено, богатството на Дејвид и Викторија вреди 380 милиони фунти, што е импресивно, но не во круговите на милијардерите. 

Имаше и теорија дека на целото семејство Бекам, а особено на Викторија и пречело тоа што не седнале на главната маса со семејството Пелц на свадбата.

Кралицата Елизабета Втора

Кралицата стана позната по неодобрувањето на изборот на нејзините деца. Покрај тоа што не ја поддржуваше принцезата Дијана, таа не ја прифати ниту Камила, љубовницата на нејзиниот син Чарлс, која подоцна стана негова сопруга. 

Таа, исто така, го изрази своето незадоволство кога станува збор за нејзиниот внук Хари. Имено, таа била згрозена од неговата одлука да се омажи за американската актерка Меган Маркл. Сепак, блиски извори на кралицата открија дека Елизабета е задоволна само со изборот на нејзиниот друг внук, принцот Вилијам, со оглед на тоа дека Кејт Мидлтон е единствената достојна за кралската титула. 

Елизабета имала најголеми конфликти со Дијана, бидејќи имала непослушна природа и не сакала да игра по кралските правила. Поради отворената нетрпеливост меѓу двете, по смртта на Дијана почнаа да кружат гласини дека токму кралицата е одговорна за нејзината смрт.

Крис Џенер 

Многумина ја нарекуваат мозокот на целата операција и менаџер кој стои зад успехот на кланот Кардашијан-Џенер. Кога се во прашање нејзините ќерки, таа секогаш е заштитничка, се труди ништо да не им недостига. 

Крис Џенер никогаш не го одобрила бракот на нејзината ќерка Ким со нејзиниот поранешен сопруг Крис, верувајќи дека тој сакал да се ожени со неа само за да дојде донејзиното богатство. Крис отворено зборуваше за тоа, велејќи дека не ѝ се допаѓа неговата личност и дека секогаш била против бракот.

Ким и Крис се разведоа по само 72 дена, а многумина се посомневаа дека тоа е паметен ПР потег.

Џејн Пит

Откако Бред Пит ја напушти Џенифер Анистон со која беше во брак 5 години и започна врска со Анџелина Џоли, неговите родители останаа шокирани. 

Мајката на Бред, Џејн, отсекогаш била против нивната врска, сметајќи ја Анџелина за прељубничка која ќе го уништи нејзиниот син. Подоцна се покажа дека таа била делумно во право, земајќи ги предвид околностите на разводот.

Од друга страна, Џени многу ја сакаше Џенифер Анистон, имаа многу убав однос, и не можеше да го поднесе тоа што Бред ја остави поради Анџелина.

Глорија Кампано 

Мајката на Бредли Купер не се одвојува од него, па не е чудно што имала замерки за секоја негова партнерка.

Наводно токму таа ја раскинала свршувачката на Бредли и Ирина Шајк, а претходно со вселување во неговата вила ги избркала Суки Вотерхус, како и манекенката Зои Саланда.

Глорија често ја нарекуваат свекрва од пеколот.


Фото: Профимедиа

Извор: стилкурир

Можеби ќе ве интересира:

Чек да брцнам во ташнава: Снаа и свекрва