Тијана Дапчевиќ ќе конкурира со песна за Евровизија на „Беовизија“, како потенцијален претставник од Србија

Постепено почнуваат подготовките за избор на песна за Евровизија 2022 година.

Земјите учеснички на Евровизија веќе излегуваат со списоци на изведувачи кои ќе се борат за претставници на најпрестижната европска музичка манифестација - Евросонг.

За Македонија, годинава претставникот на Евровизија 2022 ќе се избира по пат на гласање - онлајн и од стручно жири, а одбрани се шест изведувачи кои се пријавиле на конкурсот, а песните ќе и бидат презентирани на јавноста на 28.01.2022 (петок) во емисијата Стисни Плеј на МТВ. Селектираните шест композиции и изведувачи можете да ги погледнете ОВДЕ.

Во Србија пак, како и секоја година, ќе се одржи „Беовизија“, а оваа година и Тијана Дапчевиќ ќе конкурира со песна за Евровизија, како потенцијален претставник на Евросонг од Србија.

Дапчевиќ има евровизиско искуство, како претставник на Македонија, во 2014 година, во Копенхаген со песната „To the sky“, но за жал тогаш не влезе во финале.

Годинава, пејачката објави дека одлучила да се пријави на „Беовизија“ - српски избор за песна на Евровизија, пред се', да ја промовира песната, без никакви очекувања.

- Да, точно е дека настапувам на Беовизија која се одржува на почетокот на март

Имам одлична песна, наречена „Љуби, љуби довека“ за која музиката и текстот ги напиша мојата драга Леонтина Вукомановиќ, а аранжманот и продукцијата се на Немања Филиповиќ

На секој фестивал досега сум била за да ја промовирам песната (што се виде и на претходни фестивали кога бев изненадена од мојата победа), па одам и на овој. Ќе биде одлична забава, учествуваат многу мои одлични колеги и едвај чекам да ја слушнете оваа песна бидејќи сум убедена дека ќе ви се допадне - напиша Тијана на Инстаграм, најавувајќи го нејзиното учество.

View this post on Instagram

A post shared by Tijana (@tijana.dapcevic)


Таа веќе доби поддршка од нејзините колеги од Македонија.