Тина Кунаки во брутално добар мантил отпорен и на најсилниот дожд, а е ултра шик: Најшармантното парче што ќе го видите денес

Добивај вести на Viber

Иако на јавноста и е најпозната како младата, убава сопруга на познатиот француски актер Винсент Касел, Тина Кунаки може да се пофали и со убава кариера во манекенството, а не нè чуди што е редовна гостинка на разни ревии и престижни модни настани.

Тина до пред некој ден беше во Милано на Модната недела, но моментално актуелна е онаа во Париз, па манекенката се истакна во француската престолнина. Таа беше една од дамите кои привлекоа најголемо внимание на ревијата на Пако Рабан.

View this post on Instagram

A post shared by Arteluce Prod - Photographe (@elisatimotei_photo)



Атрактивната 25-годишна девојка на оваа ревија пристигна во прилично едноставна, но интересна комбинација, претставувајќи ни го веројатно најелегантното, но и најпрактичното парче досега за дождливите денови.



Имено, Тина избра заводлив, тренди фустан од црн латекс, носејќи го со класични лакирани црни штикли со отворена потпетица, но она што го украде шоуто е нејзиниот избор на мантил, која всушност беше главниот дел од аутфитот.

Кунаки ни понуди многу шик и шармантно решение за дождлив ден; носеше впечатлив проѕирен мантил украсен со сребрени конци, кој е отпорен и на најсилните дождови, а сепак не го расипува и не го крие нашето модно издание.

Дали ви се допаѓа кабаницата на Тина - дали би носеле вакво парче?


FOTO: Instagram screenshot