Тоа беше љубов на прв поглед: Заедно се повеќе од 8 децении, а во брак 79 години - тајната на успешна и среќна врска ја споделија со сите

Како што велат, тоа било љубов на прв поглед

Во животот, речиси сите од нас се стремиме да завршиме факултет, да се вработиме, да имаме добра плата, да си обезбедиме дом, да ја најдеме нашата сродна душа и да основаме семејство со неа во љубов и радост.

Иако сето ова звучи малку утописки, всушност е возможно. Сепак, сведоци сме на бракови кои завршуваат по само неколку години или дури месеци.

Затоа многу луѓе прашуваат „која е тајната на долгиот и среќен брак?“. Ова е прашањето од милион долари на кое се обидоа да одговорат Хуберт и Џун Маликот, кои се во брак 79 години.

Родени во руралниот дел на Кентаки во 1922 година и барајќи работа во Хамилтон на само 19 години, Хуберт и Џун Маликот се сретнаа во локална црква во 1941 година.

-Влегов во црквата и пред мене беше клупа полна со млади девојки. Таа ме погледна и ми се насмевна – се присетува Хуберт на моментот кога ја запознал жената на својот живот.

Како што велат, тоа било љубов на прв поглед, а не долго потоа почнале да излегуваат.

Двојката се венчала во 1943 година, по што Хуберт требало да се приклучи на морнарицата во Втората светска војна на Хаваи. Разделбата на брачната двојка не ги згасна нивните емоции бидејќи и покрај времето во кое живееле, Хуберт успеал на својата сакана да и испрати костим од трева по моделот на традиционалната хавајска носија за жени.

Таа била целосно воодушевена од тоа и му испратила порака на својот избраник дека ќе го чека.

Хуберт со треперење се сеќава на времето кога се вратил од војната со воз и на моментот кога ја видел Џун како го чека на железничката станица.

Хуберт и Џун имаат големо семејство. Имено, кога се вратил од војната, имале две деца. Сега имаат седум внуци и 11 правнуци. 

Инаку, Хуберт и Џун годинава наполнија 100 години, а Хуберт се уште со восхит и почит зборува за својата сопруга и истакнува дека била одлична мајка и домаќинка.

Според нив формулата на љубовта е компромисот.

– Доколку дојде до несогласување, можеби ќе треба да се повлечете двајцата, а потоа, да ја смените темата или да ја решите заеднички – заклучил Хуберт, пренесува Вашингтон пост.

извор:Telegraf.rs