Тој е 21 година помлад од неа: Дара Бубамара на одмор со поранешното момче на познатата водителка

Дара Бубамара, познатата српска фолк пејачка, откако се разведе од сопругот со кој има едно дете, не зборува во јавноста за нејзиниот емотивен живот и љубовните врски.

Но, таа е доста активна на социјалните медиуми и често споделува фотографии од нејзиното секојдневие, па така не можеше а да не се пофали дека е на одмор на Малдивите.

44-годишната пејачка е на одмор на Малдивите, но, не е сама, туку со извесен Тони, кој имено е поранешно момче на водителката Душица Јаковљевиќ.

По фотографиите се гледа дека Дара и Тони се на идентично место и јасно е дека заедно се на годишен одмор, иако не објавуваат заеднички фотографии.
На една од сликите Тони е на скутер со пејачката, но и' го „покри“ лицето.

Патем, Тони има 23 години, што значи дека тој е дури 21 година помлад од фолк пејачката.

Ова не е нејзина прва врска со помладо момче.

извор:telegraf.rs
Галерија: