„Тома“ удира право во срце, го гледав со згрчена вилица, суво грло, желна за здив: Миланка Рашиќ и Вера Јанковиќ за српскиот филмски хит

Драган Бјелогриќ и Жељко Јокисмовиќ го расплакаа народот во цела поранешна Југославија, откако ги создадоа приказната и новите верзии на песните на вечниот боем, Тома Здравковиќ.

Топлата приказна во филмот „Тома“ буди силни емоции и очекувано е вистински хит, а досега го гледале над 700.000 луѓе во државите во регионот и во дијаспората. Милан Мариќ иако физички не потсетува на Тома, маестрлано го изигра ликот на српскиот пејач, а Тамара Драгичевиќ на неговата неостварена љубов, Силвана Арменулиќ. Додека за проекциите на филмот во Македонија владее голем интерес, сè уште се свежи впечатоците на новинарката и продуцент Миланка Рашиќ, која филмот го гледаше во Белград. Под силни импресии е и Вера Јанковиќ, познатата ТВ новинарка и диџеј. 


- „Тома“ го гледав во Белград, во „Дом синдиката“, сегашна „Комбанк дворана“. Посебно е чувството да го гледаш филмот за Тома Здравковиќ во истата сала кадешто тој имал незаборавни концерти.

„Тома“ е повеќе од филм, тој е чиста емоција. Легендарниот пејач често ја спомнува својата душа во филмот, а ние несвесно почнуваме да се прашуваме што е со нашата душа, со животот, со изборите кои ги правиме, љубовта, среќата, тагата... 

По проекцијата луѓето излегуваа расплакани, трогнати. Сите подеднакво восхитени, и повозрасните кои ги допре носталгијата по едно време кое веќе го нема, но и многу млади кои можеби првпат ги слушаат безвременските хитови на еден од најдобрите и најавтентични пејачи, композитори и поети, Тома Здравковиќ.


Ме фасцинира моќта на филмот со која ми разбуди лавина од емоции, а песните ми останаа во глава со денови. Тоа се должи прво на режисерот Драган Бјелогрлиќ кој мајсторски ја раскажува приказната за Тома, човек со дарба секоја животна случка да ја преточи во прекрасни стихови и музика.  Во насловната улога блеска неверојатниот Милан Мариќ, кој извонредно го доловува карактерот, духот и тагата која секогаш ја носел Тома во себе. Тамара Драгичевиќ става силен печат со својата убавина и талент како Силвана Арменулиќ. Петар Бенчина е импресивен во улогата на докторот, кој заедно со Тома има најголема трансформација, а Паулина Манов како неговата сопруга, остварува незаборавна улога. Буквално сите улоги, дури и најмалите, се одлично одиграни, целиот филм е направен со многу внимание за сите детали. Песната „Полноќ“, која е авторско дело  на Жељко Јоксимовиќ, звучи како да е од `70-те, хитовски и потполно во манирот на Тома“, ни изјави Рашиќ.

-Знаев дека е ова ремек дело!!! Знаев,затоа што едно такво емотивно соголување,еден живот пресликан на филмското платно со само 2 часа и 25 минути,ќе ги разбуричка најинтимните , топли ќошиња,скриени длабоко во утробата на секој човек!!! Затоа што и секој од нас е ТОМА! Кога боли душата за нереализирана љубов која пече со гоодини,творецот создава бисери на петолинието,музика која истовремено те разболува и лечи,маѓепсан круг,онаков каков што е и животот.И се дише со тој ранлив капацитет,"јер дишем само да би те удахнуо".Музиката како најјака емоција,рака под рака со сите нејзини компоненти од кафеанското живеење,непроспаните,пијани,зачадени,"прокоцкани" ноќи...нè однесе,заедно со временската машинаво далечата 1958,стаса до клучната 1991 во која згасна генијалецот,препукнат од убост и болка!!! Сите сме на тој брод,некој порано,некој подоцна ќе се качи на него,нè потсетува дека имаме ДВА живота-еден реален,кој мора да се живее,еден замислен кој впрочем ја бутка локомотивата од композицијата на човековото битисување!Токму овој вториов,испиша,остави трајни дела со кои ќе се одвеземе до најдалечните точки на нашата имагинација,онаа која некогаш може и да стане жива,реализирана!!! Откако го изнауживав сама,со згрчена вилица,суво грло,желна за здив,би го измерачила во киносала,за да можам полесно да ги доживеам квалитетите во глумата,звукот,сторијата,режисерскиот пристап!!! Комплименти. И да за крај,читам-вреди ли да се гледа? Па драги мои,ако ВРЕДИ да се живее,ВРЕДИ и да се доживее!Секој со својата болка и емоција“, се впечатоците на Вера Јанковиќ откако го гледала фимот.

- Гледајќи го филмот, слушајќи ги преубавите стихови и песни на Тома Здравковиќ, публиката ги преживува неговите животни бури како свои.  „Тома“ удира право во срце и долго остануваат тие емоции, музика, изговорени реченици кои се животни мудрости. Во ова ладно и сурово секојдневие, овој филм ни ја врати душата. 


Сигурна сум дека наскоро ќе ја помине бројката од милион гледачи, а ќе биде и еден од најнаградуваните филмови не само во регионот, туку и пошироко. Најважно од се`, ќе остане како еден од најсаканите наслови на широката филмска публика“, се предвидувањата на Миланка Рашиќ.

„Со говорот на музиката испишавме цеели романи!!!“, довава Вера Јанковиќ. „Вели-„правих се речи увек касно сетим,одговор знам тек кад останем сам!!!“ Се разминуваме и доцниме во средбите со вистинските ,единствените,не мава бумеранг како најјак шамар,боли секогаш како да е вдаден во моментот!!! Пусто животиште...а нам никогаш не ни доаѓа памет дека тој е само ЕДЕН!!!“, порачува Вера.

Песните на Тома и на Силвана во ново руво, фантастично ги оживејаа гласовите на Ацо Пејовиќ и Сузана Бранковиќ. Жељко Јоксимовиќ изјави дека пејачите ги бирал на кастинг. Ацо Пејовиќ според бојата на гласот бил најблиску до оригиналниот Тома, а Сузана Бранковиќ сосема случајно дошла како замена за друга пејачка која го откажала снимањето поради болест.

-Кога Сузана која инаку настапува со мене ми прати снимка од неа како ја пее Силвана, си реков: Зошто ми ја праќа Силвана? Потоа сфатив дека всушност тоа е нејзиниот глас кој е толку многу сличен со оној на Силвана и си реков: „Па, тоа е тоа“, изјави Јоксимовиќ за српски „Телеграф“.


Милица Џаровска

Фото: Приватна архива, официјален Фејсбук профил на филмот „Тома“