Тони Цетински ќе стане дедо: Синот Кристијан му ја подари најсреќната вест (ФОТО)

фото:printscreen/telegraf

Цетински има две деца, богата кариера, три пати бил во брак, а сигурно не знаевте многу детали за неговиот приватен живот.

Три жени го одбележаа неговиот љубовен живот, а од бракот со првата сопруга, Антонела Бутиган, го добија синот Кристијан.

Сега, хрватската поп-sвезда Тони Цетински (51) доби убава вест од неговиот син Кристијан (24). Имено, неговиот наследник на својот Инстаграм профил објави дека очекува принова.

- Ни дадовте многу повеќе причини да дадеме се' од себе и да го направиме овој живот што е можно поубав. Едвај чекаме да се запознаеме - напиша Кристијан со фотографија со ултразвук, пренесуваат хрватските медиуми, а профилот на Кристија на Инстагарам е заклучен.

Кристијан не откри дали станува збор за момче или девојче, а бројни следбеници му испратија честитки под објавата.

фото: Printskrin/Facebook/tonycetinski

извор;telegraf.rs

Повеќе за третиот брак на Цетински, читајте ОВДЕ