Торта со кафе и бисквити: Пандишпан од ореви и најкремаст фил

Добивај вести на Viber

Ова задолжително мора да го пробате...

Состојки за пандишпанот: 7 белки, 200 грама шеќер, 4 лажици мелени ореви, 2 лажици презла, 2 лажици брашно, 250 грама сецкани ореви, 250 грама чоколаден крем.

Состојки за фил: 7 жолчки, 8 лажици шеќер, 7 лажици млеко, 500 милилитри слатка павлака, 1 желатин, 50 милилитри вода.

Останати состојки: 250 грама бисквити, 150 милилитри кафе, засладено со една лажица шеќер и малку чоколадо за декорирање.

Подготовка: Потпржете ги оревите во тава, да бидат крцкави, а потоа оставете ги да се оладат. Исечкајте ги со нож. Во тепсија истурете ги оревите врз хартија за печење. Матете ги белките со шеќерот во цврст снег, додека шеќерот не се растопи. Потоа додадете ја презлата, мелените ореви и брашното и на крајот измешајте ги состојките.

Рамномерно распоредете ја смесата брз исецканите ореви и ставете ја да се пече на 180 степени, од 25 до 30 минути. Испечениот пандишпан свртете го, за оревите да бидат горе, а потоа премачкајте го со чоколадниот крем додека кората е топла. Оставете да се олади, додека го подготвувате филмот.

Изматете ги жолчките со шеќер и млеко. Ставете ги на пареа за да се згуснат малку, а потоа тргнете ги и оставете ги да се оладат. Во кремот од жолчи помалку истурајте од слатката павлаката и константно матете.

Доколку филмот е доволно густ за да стои не мора да ставате желатин, а сето тоа многу зависи од слатката павлака.

Доколку е потребно да се стави желатин, тогаш потопете го во 50 милилитри вода и кога ќе набабри за 10 минути загрејте го и мешајте, за да не проврие, туку колку само да се растопат гранулите, а потоа истурете го во кремот и матете брзо за да се соедини смесата.

Ставете половина од филот на кората, а потоа бисквитите потопете ги во кафето и наредете ги врз филот. Врз бисквитите ставете го преостанатиот дел од филмот и на крајот изрендајте чоколадо. Тортата изладете ја во фрижидер, пред да ја послужите.

* Напомена: Бидејќи оревите играат голема улога во овој рецепт, кога ќе пазарувате побарајте ги оревите „Нутини“.