Торта со месечинка за најсреќен прв роденден на Бодан: Синот на водителката Цеце наполни една годинка

Добивај вести на Viber

Првата радост на познатата водителка на утринските емисии на телевизија Телма, Цеце Трајковска Тодосовска наполни една годинка.

Бодан - најубавиот животен подарок на Цеце и нејзиниот сопруг Столе, за првиот роденден си доби торта со месечинка, а среќната мајка објави роденденска фотка на која тричленото семејство ги дува свеќичките на тортата.

Инаку Цеце во претходно интервју ни раскажа за своето досегашно мајчинско искуство, и како со сопругот уживаат во секој миг поминат со синот. 



Таа искрено зборуваше и за доењето во јавност:

На почетокот беше тешко и макотрпно, сега секој ден ни е уживање со Бодан: Водителката Цеце искрено за доењето