Тоше има само ден на раѓање: Весна Бејби се присети на последното интервју со него

Водителката Весна Бејбимама Петрушевска пред точно 13 години беше домаќин на последната емисија каде Тоше Проески гостуваше пред да загине.

Тие сеќавања, водителката се уште емотивно ги раскажува, бидејќи тоа му беше последното гостување на ТВ, ноќта пред несреќата.

По повод денешниот ден, денот на кој Тоше требаше да го прослави својот 40-ти родеден, Весна повторно се присети на последното интервју со него, кога Тоше ѝ вели:

"Максимално е и многу е тешко да се издржи. Шминкање, вадење шминка.. Пакување, распакување.. Преку глава ми е. Кога би можел да се телепортирам од концерт на концерт би бил најсвежиот човек на светот. Сакам да се тргнам настрана, но не можам. Машинеријата ме зеде во бубањ, како што велат старите. Нема враќање назад. За голема среќа многу ме радува што на сите тие концерти можам да се дружам со луѓето со кои енергетски се ревитализирам."

Покрај овие зборови на Тоше, Весна сподели и видео од нив двајца како танцуваат.


Последното гостување на Тоше, во емисијата „Вртелешка“ со Весна Бејбимама и Васил Зафирчев:


Ги чувствувам болките од камењата кои ги фрлаат врз мене, но ќе издржам: 25 јануари, денот кога се роди Тоше Проески