Товарот на популарноста беше претежок за скромната домаќинка со моќен глас: Што се случи со Сузан Бојл?

Жената која во најпознатато шоу за таленти предизвикуваше воодушевување со своите настапи, сега ужива далеку од очите на јавноста...

Сузан Бојл, ѕвездата која го освои светот во натпреварувањето „Британија има талент“ во текот на својата кариера заработи околу 22 милиони фунти. Денес има 59 години и е далеку од очите на јавноста.

Жената која со своите настапи успеа да го воодушеви и познатиот судија Сајмон Кауел во најпознатото талент шоу, овие денови ужива далеку од јавноста. На самиот почеток на каериерата, кога го воодушеви целиот свет со изведбата на песната „I Dreamed A Dream“, беше очигледно дека во прашање е кревка и чувствителна жена, која цел живот имала желба да го покаже својот талент.


Вртоглавиот успех кој го постигна, не ѝ го донесе задоволството кое го посакуваше. Тимот професионалци од неа направи „ѕвезда“ со помош на шминка и брендирана облека, па некогаш запуштената домаќинка одеднаш се претвори во некој кој таа, не била никогаш.

Пропратната популарност која следуваше како што одминуваше натпреварувањето влијаеше на нејзиното ментално здравје. Во финалната емисија, кога не победи иако сите го прогнозираа тоа, Сузан доживеа нервен слом и извесно време мораше да биде во болница.

Очигледно, никогаш не разбра зошто се случи ова, иако со месеци се водеше кампања во таблоидите против Бојл: водечките „жолти“ весници во Велика Британија се натпреваруваа кој ќе ги најде „највалканите“ детали од нејзиниот приватен живот. Така, се појавија информации дека сопственичката на моќниот глас на училиште била малтретирана, дека имала потешкотии со учењето и „најинтересно“ од сѐ - дека е невина.

Тој детаљ на неколку музичари им даде идеја да ѝ се јават и да ѝ ја понудат својата „помош“.

Кога натпреварувањето се заврши, Сузан објави осум студиски албуми, продаде над 19 милиони примероци ширум светот, двапати беше номинирана за Греми, пееше пред кралицата, но сега потполно се повлече од јавниот живот.


Иако заработи огромно богатство, таа и понатаму живее во својата скромна куќа во Шведска, во која живееше пред да стане планетарно позната.