Трагедија на игралиште: Мало девојче починало кога нејзиниот татко паднал врз неа

Фото насловна: Фејсбук/Emma Pennington-Foley

Тригодишното девојче починало откако нејзиниот татко паднал врз неа на игралиштето.

Амберли Пенингтон-Фоли беше смртно повредена на игралиштето каде што беше заедно со нејзиниот татко Роберт Фоли во Апер Хет, Нов Зеланд.

Судијата смртта на тригодишното девојче ја нарече „трагична несреќа“.

Тоа кобно утро, таа била на игралиштето во близина на нејзиниот дом со нејзиниот татко Роберт Фоли, тие играле на парче опрема за игралишта наречено „Прстен на Супернова“ каде се случила трагедијата.

Извештајот на обвинителството откри дека девојчето претрпело сериозни повреди на главата и вратот и повреди на мозокот и 'рбетниот мозок, откако нејзиниот татко паднал врз неа додека играле.


„Нов Зеланд Хералд“ пренесува дека опремата за игри Супернова е „големо тркало кое стои веднаш над земјата“ и се врти со трчање или користење на раце.

Амберли седела на највисокиот дел од прстенот, додека нејзиниот татко, кој стоел на тркалото, ја придвижувал чекорејќи надесно, потоа лево, исто така го движел детето кон него, а потоа се врател на другата страна, пренесува британскиот „Мирор“.

Питер Рајан, кој го водел делото изјави дека по некое време, господинот Фоли започнал да ја губи рамнотежата и додека се обидувал да скокне од рингот, тој со целосна тежина слетал на својата ќерка.

Господинот Фоли станал и ја видел својата ќерка како слегува од платформата и додека таа стоела настрана, таа се тресела, а крв и течело од носот и главата. Откако ја однеле во блиската медицинска клиника, било речено дека девојчето е бледо и не зборува.


И покрај напорите да ја спаси, девојчето починало.

Рајан рече дека смртта на Амберли не се случила поради грешка или дефект на опремата и дека нема докази дека нејзиниот татко управувал со него на „опасен или несовесен начин“, како што е соопштено.

Нејзиното семејство, кое се пресели од Велика Британија пред девет години, и оддаде почит на девојчето.

Мајката на Амберли, Ема Пенингтон-Фоли, за „Стаф“ изјави:

- Целата заедница на Апер Хет жали за загубата на нашето бебе со нас и јасно е дека Амберли ја приближи нашата веќе силна заедница. Таа навистина ги трогна срцата на многумина.


Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира:

Починаа прегрнати, беа најубавиот пар во Сараево, а нивната судбина е најтажната љубовна приказна: Балканските Ромео и Јулија