Трагедија: Почина бремена на 36 години- Инфлуенсерката беше мајка на 4 деца

"Срцата ни се скршени и многу ќе ни недостасува нејзиното присуство. Ем имаше големо влијание врз животот на многу луѓе и таа загуба е несфатлива за секој што ја познаваше. Нашата пријателка беше посветена мајка и сопруга и многу ги сакаше своите деца", стои на страницата GoFundMe каде се собираат средства за нејзиниот погреб.

36-годишната инфлуенсерка Емили Мичел, која била бремена со своето петто дете, почина ненадејно, потврди нејзиното семејство.

Блогерката од Род Ајленд, која го водеше профилот Hidden Way на Инстаграм, починала за време на појадок, заедно со нејзиното неродено дете.

Обидите да се спасат биле неуспешни.

Лекарите сè уште не ја утврдиле причината за смртта.

View this post on Instagram

A post shared by EMILY (@the.hidden.way)