ТРАГЕДИЈА ВО ГЕВГЕЛИСКО: Скопјанец починал во сообраќајна незгода

Утрово, околу 07:00 часот во полиција било пријавено дека на излезот од Гевгелија автомобил излетал од патот. Возилото „Мини морис“, кое било со бугарски регистарски таблици, излетало од патот, а било управувано од педесет годишен скопјанец со иницијали З.Д. Возачот во незгодата го загубил животот.

Јавен обвинител и екипа од ОВР Гевгелија излегле на увид, а телото на починатиот било предадено на обдукција.