ТРАГЕДИЈА ВО СРБИЈА: Десетгодишно дете настрада играјќи го предизвикот на ТикТок - Blackout Challenge?

Десетгодишното момче кое вчера беше пронајдено мртво во стан во Раковица, Србија, наводно случајно се обесило додека играло предизвикот на мрежата Тик-ток - Blackout.

Како што неофицијално дознава Kurir.rs, момчето било оставено само во станот, додека неговите родители биле во продавницата.

„Кога се вратиле, тој не ја отворал вратата, па повикале полиција и пожарникари кои влегле преку терасата и го нашле детето обесено на креветот на спрат. Од почетокот имаше сомнеж дека до смртта дошло случајно за време на игра, а сега се верува дека малото дете всушност го играло предизвикот Blackout на социјалната мрежа Тик-ток“, рекол за овој медиум извор од истрагата.

Повеќе детали за случајот прочитајте на Фактор.мк

Фото: Фактор.мк