Трагедијата го промени: Драган Николиќ никогаш не го прослави својот роденден

Тага и болка, никогаш не прежали...

Легендата на југословенското и српското глумиште, Драган Николиќ, сопругот на легендарната Милена Дравиќ е роден на 20.08.1943 година во Белград, а почина на 11 март 2016 година по долго и сериозно боледување. 

Српскиот актер често пати посочуваше колку голема улога играл во неговиот живот постариот брат Мирослав. Но прераната смрт ќе го одбележи остатокот од животот на Гага.

На денот на роденденот на Драган, на 20 август, починал неговиот сакан брат и од тогаш славниот актер никогаш не го прослави својот роденден.

Таа загуба засекогаш го смени, се повлече и жалеше многу долго време:

„ Живеевме на улиците низ Белград, немаше компјутери, немаше играчки, ние самите ги дизајниравме игрите. Големо влијание врз мене имаше и мојот постар брат Мирослав, кој е починат денес. Тој беше мојот учител за живот и пример за многу работи. Многу го сакав! Тој беше мојата сила. Солзите и денес не можам да ги сопрам. Ми фали дел од себе, секогаш ќе ми фали. Брате, ти си мојот херој. Нема да славам роденден на денот кога јас се родив, а ти умре. Секој ден може да ми биде роденден, но секој не може да ми биде брат. “- ова го кажа Драган Николиќ во едно интервју.