Требала да се мажи наскоро: Жена пожарникар загина во Бејрут

Сахар Фарес (25) една од ретките жени пожарникарки во Либан загина во обид да помогне. Се обиделе да го згаснат огнот, но немале шанси, по што следувала страотната експлозија.

Фарес беше погребана вчера, а нејзината смрт погоди многумина. Таа била верена и требало следната година да се мажи. 

Се верува дека тие не ни знаеле што има во складиштето, односно дека таму е складиран амониум - нитрат. 

По експлозијата во Бејрут има 145 жртви, 5.000 повредени, и десетици исчезнати. Сцените се апокалиптични. 

Четвртина милион луѓе останаа без нивните домови, затоа што експлозијата ги урна фасадите на зградите и ги однесе дури неколку километри подалеку. 

Тридневна жалост е прогласена во земјата. 

Поврзани вести:

-(ВИДЕО) Долгогодишен труд уништен за една минута: Разурната модната куќа на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад
-Ќерка ми е половина Либанка, цело семејство на татко ѝ е во Бејрут: Растревожена Македонка за ужасот во Либан