Трендафилка Кирова од Македонија е самоук уметник во плетење коса: Нејзиниот талент го освојува светот (ГАЛЕРИЈА)

Добивај вести на Viber

Трендафилка Кирова од Македонија е уметник во плетење коса. Нејзините фризури оставаат без здив, а пред само неколку години таа имала работа која е далеку од она што го работи сега.

Како магистер по економија и со работно искуство во ревизорство, Трендафилка Кирова од Македонија тешко можела да замисли дека нејзината кариера целосно ќе се промени. Таа сега е позната уметничка која прави неверојатни плетенки, а бројот на нејзините следбеници на Инстаграм расте од ден на ден, моментално таму ја следат над 237.000 луѓе.

View this post on Instagram

A post shared by Another Day Another Braid (@another_braid)


Почнала со правење плетенки за себе за време на бременоста. Гледала многу упатства и видеа и црпела инспирација од работата на познатите фризери. Со текот на времето, сфатила дека ваквиот креативен израз ја смирува и започнала да вежба покомплексни техники.

Таа сфатила дека ѝ требаат промени и решила да ја промени својата професија. Почнала да работи како фризер и открила колку е среќна откако ја донела таа одлука. Сега инспирацијата ја наоѓа на Инстаграм, Пинтрест и Јутјуб, но додава свој печат на секоја плетенка.

- Може да најдам инспирација на најнеочекуваните места, како тетоважа или дезен на килим. Имам потешкотии да измислувам имиња за новите техники, затоа секогаш ги молам моите следбеници да ми помогнат - вели Трендафилка за Bright Side.

Секој ден таа се обидува да ги импресионира луѓето со фризури кои стануваат сè посложени. Нејзиниот талент не останува незабележан, па се има појавено во бројни публикации посветени на фризурите и има освоено многу награди. Таа има и YouTube канал каде објавува упатства за сите фризури.

„Луѓето се во можност да научат што сакаат ако ги внесат срцето и душата во тоа, исто како што и јас направив”, вели таа за крај за „Брајт Сајд“.

извор: brightside.me
ГАЛЕРИЈА: