Треска

Добивај вести на Viber

Празнична или вирусна.

Ве напаѓа кога најмалку се надевате .

Кога се опуштате и мислите на убави работи, моменти, на одмор, на патувања, на неостварени желби, кога мислите дека сте уште млади, ама телото и памтењето ве издаваат.

Пријатели ве канат на предновогодишен шопинг, со колегите го трошите времето на кафе, се дружите со семејството, се спремате за предновогодишни забави, а од новогодишните честитки абер нема.

Треската веќе не е филмска, како на саботната вечер, зашто 31 се паѓа во вторник.

Вистинска е, со сите маани и доблести, очекувања и разочарувања.

Така ја завршуваме старата 2019 и така ја почнуваме новата 2020 година.

Со желби за повеќе здравје, помалку политика, повеќе убави моменти и причини за славење, повеќе пари и повеќе почит меѓу (не)пријателите.

Да сме покрај луѓето кои не прават подобри личности и со семејството.

За празниците ја сфаќаме важноста на доброто, вистинското, а го препознаваме лажното и лицемерното.

Уживајте додека купувате подароци, се греете покрај парно или камин и ја подготвувате трпезата...

Направете си своја новогодишна и божикна приказна.

Заслуживте по цела една година откажувања, предизвици и борба.

Се читаме во новата 2020!

Лејла Сабит