Три клучни работи кои се менуваат кај жената на 40 години

Клучни нешта се менуваат

По ова можете да познаете жена која има над четириесет години.

-Седнав во такси презадоволна. Со нетрпение чекав повторно да работам од канцеларијата. Не можам да се сетам, но ми се чини како да сум пеела нешто.

„Радувај се уште малку, но нема да потрае долго“, промрморе таксистот.

„Извини?“, прашав шокирано.

„За десет години, ќе бидеш намуртена жена, како и сите стари жени“, рече тој речиси луто.

Јас не коментирав. Не сакав да се расправам со лудиот човек, но неговите зборови не ми дадоа мир. Размислував за нив со денови. Вистина е дека, за нешто помалку од десет години, ќе наполнам четириесет години. Што се случува со жените кои наполниле четириесет години?

Сексот е далеку подобар отколку во триесеттите години

Неодамна наидов на некои научни студии кои велат дека најдобриот секс не е во младоста, туку на возраст од 32 до 46 години. Тогаш жената знае што сака, како да достигне кулминација, го знае своето тело.

Бракот веќе не е најважната работа на светот

Во последниве години, жените во четириесеттите години најчесто се разведени. Децата веќе се малку постари, а парот веројатно сфати дека немаат многу заедничко. На возраст од околу четириесет години, во 65% од случаите, жената е иницијатор за развод. Причината е што во овие години жената станува прагматична и помалку склона кон саможртва. Едноставно кажано, ѝ здосадува да носи сè сама на раменици.

Таа има време за себе

Во современиот свет, жена во четириесеттите години, најчесто веќе има деца на возраст над 10 години. Децата се понезависни, а жената добива многу повеќе слободно време. Ова е чисто женска карактеристика, бидејќи мажите се помалку вклучени во одгледувањето потомство. Затоа, во нивниот живот не постои јасна граница помеѓу живеењето со мали деца и возрасното дете.

Кај жените, оваа граница јасно се гледа кај растењето на деца: во однесувањето, изгледот, во побогатиот социјален живот.

Жена во четириесеттите години започнува да тренира, да оди во кино, театар, изложби, литературни клубови итн.

И уште нешто: кога жената е „постара“, нема да се најде ни еден маж подготвен да ѝ „попува“ затоа што знае дека во тој случај нема да помине добро.

извор:stil.kurir.rs