Три топ летни стајлинзи на македонката Ксенија Деспотовска кои треба да ги ископирате: Лелеави, лесни, трендовски
Една од нашите познати инфлуенсерки плени со насмевката и со нејзините стајлинзи.
Ксенија Деспотовска е модна блогерка, кој редовно со јавноста споделува дел од своите изгледи кои се секогаш во склад со настанот на кој таа присуствува. Овој пат таа е наша модна инспирација за три нејзини летни стајлинзи кои вреди да ги ископирате, односно да ви послужат како ваша летна идеа.
Макси фустаните се идеални за лето, како за одење на плажа, така и за прошетки покрај морскиот брег, но во комбинација со поелегантни чевли и накит, може да бидат совршени и за вечерни пригоди.
Наместо мал црн фустан кој е вечна класика, за потоплите денови ви предлагаме да се подновите со бел мини фустан од лесен материјал, кој ќе биде одличен за летните топли денови. Во комбинација со сламен шешир ќе бидете најстилизираната пријателка во друштвото.
Третиот модел на фустан кој го носи Деспотовска е комбинација од лесен материјал и тренди модел со интересен дезен кој е идеален за вечерни излегувања, но доколку го искомбинирате со интересни летни влечки и платнена чанта би бил одличен избор и за на плажа и за пиење ладно кафе или леден чај во топлите летни денови.
Фото: Инстаграм
Секогаш сакам да ги кршам правилата во модата: За стилот со Ксенија Деспотоска