ТРИ ЗЛАТНИ СОВЕТИ: На што Стивен Хокинг ги учел своите деца?

Познатиот физичар Стивен Хокинг кој почина годинава, во интервју кое во 2010 година го дал за новинарка на ABC News, открива неколку родителски совети кои им ги дал на ќерката Луси и синовите Роберт и Тим.

„Првиот најважен совет кој им го додаов е секогаш да гледаат во ѕвездите, никогаш во своите стапала“- изјави тој. 

Преку овој совет Хокинг сакал да им порача да бидат храбри и да пробаат да сонуваат, да веруваат во себе и секогаш да гледаат напред.

„Другиот совет кој им го дадов е никогаш да не се откажуваат од работата. Работата му дава значење и смисла на животот, и животот е празен без тоа“- рекол  Хокинг.

Третиот совет се однесувал на љубовта.

„Ако имате среќа да најдете љубов, запаметете дека е ретка и немојте да ја отфрлате“- додал Хокинг.

Тој почина на 76 години во својот дом во Кембриџ. Имаше само 21 година кога му е дијагностицирана амиотрофичка латерална склероза.