Трик: Зошто Кејт Мидлтон никогаш не изгледа чудно на фотографија

Добивај вести на Viber

Кејт Мидлтон никогаш не изгледа чудно на фотографиите затоа што е многу внимателна како се движи, во каква позиција е и никогаш не заборава на клучните совети за однесување пред камерата.

Војвотката е често во ситуации кога е фотографирана од сите страни, но никогаш не изгледа чудно, нејзините пози и движења се осмислени до последниот детал.

Мика Мејер, експерт за протокол и јавно однесување, објасни зошто е тоа така и што Кејт всушност прави свесно.

- Кејт секогаш има мала чанта, ние го нарекуваме овој начин на носење „Кембриџ“. Имено, важно е да ја држи со двете раце, со прстите свртени надолу. Оваа поза е одлична дури и кога не знаете што да правите со вашите раце, а особено кога сте нервозни - истакна Мејер.

Имено, Кејт често застанува пред камерата и фактот дека е дел од кралското семејство има низа правила кои се детално разработени, вклучително и начинот на кој таа стои.

Иако многумина ставаат мала чантичка под рамото, експертот истакнува дека тоа не е пожелно.

- Оваа поза ја користи Кејт при одење, стоење или разговор со некого. Клучно е да ја држите чантата со двете раце, а не само со една - откри Мејер за „Дејли меил“.