Тристан Томпсон чека дете со друга жена: Повторно ја изневери Клои Кардашијан, овојпат на неговиот роденден

По скандалот со првото неверство на Тристан, додека Клои беше бремена со нивната заедничка ќерка Тру, Тристан иако доби втора шанска од Кардашијан, тој повторно ја изневери, овојпат на неговиот роденден. 

Клои наиде на многу критики од нејзиното семејство но и од јавноста кога реши да му го прости неверството на кошаркарот, но сепак таа веруваше дека Тристан ќе се промени. За жал, се покажа спротивното, па овојпат тој чека бебе со неговата инструкторка.

Тристан Томпсон го чека своето трето дете - но не со Клои Кардашијан. Кошаркарот на Сакраменто Кингс наводно чека бебе со Марали Николс, која е негов личен тренер и фитнес инструктор!


Николс го тужеше Томпсон за издршка, иако бебето сè уште не е родено. Бебето наводно било зачнато во март, на триесеттиот роденден на Томпсон, кога тој веќе беше во старо-новата врска со Клои Кардашијан, со која ја има ќерката Тру. 

Томпсон признал дека имал секс со Николс, но тврди дека тоа било единствен пат кога биле интимни. Николс пак тврди дека нивната врска траела „најмалку пет месеци“ пред прославата на неговиот роденден, како и дека продолжила и откако таа забременила.

Фотографии од 30-от роденден на Тристан:


Се наведува и дека Тристан ја замолил Николс да абортира кога дознал дека е бремена! Според зборовите на нејзиниот адвокат, трудницата испратила докази во форма на смс пораки кои ги разменила со кошаркарот, каде тој барал од неа да ја прекине бременоста и ѝ се заканил дека нема да успее во намерите.

Томпсон негира дека ги пратил тие пораки.


Николс ги избриша сите нејзини фотографии од социјалните мрежи, со порака дека сака приватност за себе и за бебето, а моментално е во 38-та недела од бременоста.

Клои Кардашијан се уште не проговорила.

 

Да потсетиме, нејзината врска со Тристан Томпсон од самиот почеток е многу контроверзна, бидејќи е познато дека тој ја изневерувал додека таа беше бремена, а два дена откако Клои се породи беше фатен во страсни бакнежи со најдобрата другарка на Кајли Џенер. И покрај се', таа се помири со него.
Покрај ќерката Тру со Клои, Томпсон го има и синот Принц и Џордан Крег.

извор:GLOSSY