Тристан Томпсон јавно ѝ се извини на Клои Кардашијан откако ДНК тестот покажа дека тој е татко на детето со неговата инструкторка

Добивај вести на Viber

И таман, барем на кратко сите помислија дека Тристан Томпсон и Клои Кардашијан се посреќни од било кога, како гром од ведро небо дојде веста дека кошаркарот чека бебе со друга жена.

Сега конечно откако бебето дојде на свет, Тристан Томпсон потврди дека му е татко откако долго време негираше. 

Вчера, тој на Инстаграм напиша дека добил син со својата инструкторка, а исто така ѝ се извини на партнерката (а и мајка на неговото дете) Клои Кардашијан.

- Денеска резултатите од тестот за татковство покажаа дека сум татко на дете родено од Марали Николс. Ја преземам целосната одговорност за моите постапки. Сега кога татковството е докажано, со нетрпение очекувам да го воспитаме нашиот син заедно. Искрено им се извинувам на сите што ги повредив и разочарав, приватно и јавно – напиша Томпсон.

Тристан ја искористи приликата и да ѝ се извини на Клои, со која беше во врска во моментот на зачнувањето на бебето со Марали. Тристан иако доби втора шанса од Кардашијан, тој повторно ја изневери, овојпат на неговиот роденден. 

- Клои, ти не го заслужуваш ова. Не го заслужуваш скршеното срце и понижувањето што ти го нанесов. Не заслужуваш како јас се однесувам со тебе со години. Те почитувам и сакам, без разлика што мислиш. Повторно, многу ми е жал... – напиша Томпсон.

Да потсетиме, Николс го тужеше Томпсон. Таа пред судот изјави дека двајцата имале секс за неговиот 30-ти роденден во март, што резултирало со нејзина бременост. Томпсон призна дека спиел со Николс, кој воедно му била тренер, но одбил да признае дека е татко на детето кое е родено на 1 декември.

View this post on Instagram

A post shared by Maralee  (@maraleenichols)


Томпсон побара од Николс да направи ДНК тест за да го докаже неговото татковство, што таа го направи.

- Наместо да се фокусирам на негативни работи, избирам да го прифатам мајчинството и да го направам најдоброто што можам за мојот син. Не сакам медиумско внимание, ниту да бидам во врска со Тристан – изјавила таа.

View this post on Instagram

A post shared by Maralee (@maraleenichols)


Новопечената мајка изјавила дека кошаркарот и таа биле во врска 5 месеци, додека тој тврди дека само еднаш имале сексуални односи.

Неговиот однос со Клои Кардашијан беше повеќе од турбулентен. Познато е дека ја изневерувал додека била бремена, и тоа со најдобрата пријателка на нејзината сестра Кајли Џенер, Џордин Вудс. И покрај се', таа се помири со него, поради што медиумите и фановите не се согласуваа со оваа нејзина одлука. Томпсон, освен ќерката Тру, која ја доби со Клои, со Џордан Крег го има и синот Принц.

извор:GLOSSY