Трогателна глетка: Победи на Евровизија, ја бакна девојката и замина на првиот фронт да ја брани Украина

Оркестарот Калуш победи на Евровизијата во Торино, а фронтменот на популарниот бенд е фотографиран како се бакнува со својата девојка на разделба, по што, како што објавија странските медиуми, се приклучил на првата линија на фронтот во актуелната војна во Украина.

Олег Псиук, фронтменот на фолк-рап групата, е фотографиран пред својот хотел во Торино, Италија, со својата девојка Александра, по завршувањето на Евровизијата, пред да замине да ја брани Украина во војната против Русија.

Oleg Psjuk /фото: Tanjug AP Photo/Luca Bruno

View this post on Instagram

A post shared by Bilobrov Oleksandra (@bilobrov_oleksandra)


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ѝ се обрати на јавноста по победата на Украина на „Евровизија“ и рече дека престижниот музички натпревар следната година ќе се одржи во Мариупол, иако овој град во моментов е под опсада на руските сили, пишува „Мејлонлајн“. .

Да потсетиме, на „Евровизија“ победата ја освои Украина, претставувана од оркестарот Калуш:


Ја нападнаа и навредуваа - мораше да се откаже: Победниците на Евровизија наместо неа ја претставуваа Украина во Торино