Трогателно проштално писмо: Водителката за која цел свет се молеше, почина по 5 години борба со ракот
Познатата водителка која цел свет ја бодреше и ја следеше нејзината борба, почина вчера, на 41 година, а зад себе остави проштално писмо.
Водителката на Би-Би-Си Дебора Џејмс почина на 41-годишна возраст по тешка и петгодишна борба со ракот на дебелото црево, соопшти нејзиното семејство.
- Длабоко сме шокирани што мораме да ја објавиме веста за смртта на Дебора Џејмс, најневеројатната сопруга, ќерка, сестра, мајка. Дебора денеска почина мирно, опкружена со семејството – објавија нејзините најблиски на Инстаграм.
На водителката во 2016 година и беше дијагностициран рак, а оттогаш отворено зборуваше за борбата против оваа тешка болест. Докторите првично и рекле дека веројатно нема да живее подолго од пет години, а таа храбро се бореше и се трудеше да живее, колку што е можно, со полни бели дробови. Во мај, Дебора била пуштена од болница на нејзино барање и продолжила со домашно лекување, затоа што била свесна дека нејзиниот крај е блиску и сакала да го напушти светот опкружена со своето семејство.
- Ова е порака која никогаш не сакав да ја напишам. Пробавме сè, но моето тело едноставно не сака, не може да учествува во тоа. Моето активно лекување заврши и сега сум префрлена на домашно лекување, а моето неверојатно семејство е околу мене и јас сум фокусирана да поминувам што повеќе време со нив. Никој не знае колку време ми преостанува, но не можам да одам, спијам поголем дел од денот, а повеќето работи што ги земав здраво за готово сега ми се како сон. Знам дека направивме се што можевме – истакна тогаш Дебора.
Како што истакна таа, целата борба не била доволна.
– Дури и со овие иновативни лекови против рак во светот или со некое магично, ново откритие, моето тело едноставно не може да продолжи – изјави водителката.Таа истакна дека иако одамна и било јасно дека крајот е близу, не мислела дека еден ден ќе мора да се збогува.
- За време на повеќе од пет години пишување за тоа како мислев дека ќе биде мојот последен Божиќ или како нема да го прославам мојот 40-ти роденден или да ги гледам моите деца како одат во средно училиште, никогаш навистина не помислив дека ќе напишам нешто во кое навистина се простувам. Мислам дека тоа беше некоја бунтовничка надеж во мене. Никој не може да каже дека последните шест месеци беа нежни со мене. Сè низ кое поминувам е потресно, но опкружена сум со толку многу љубов што ако нешто може да ми помогне, тогаш ова е тоа - истакна Дебора.
Таа ги остави синот Хуго (14), ќерката Елиоз (12) и сопругот Себастијан. Во текот на нејзината долга и успешна кариера работеше на многу проекти на радио и телевизија во рамките на Би-Би-Си, а пред неколку години беше наградена со Орден на Британската империја за нејзиниот придонес во добротворни цели.
извор:GLOSSYУплашена сум, гладна и не сакам да умрам“: Ќе плачете и ќе ѝ се восхитувате на оваа жена