Тројца загинати во бротче кое е дел од емисијата „Смртоносен улов“ на „Discovery“

Телевизискиот канал „Discovery“ објави соопштение за трагичната вест во која еден рибарски брод, прикажан во емисијата „Смртоносен улов“ на „Discovery Channel“, бил вклучен во фатална несреќа во вторникот вечерта. Во бродот „The Mary B II“ загинаа тројца рибари.

- Се чувствуваме длабоко ожалостени од оваа вест, бидејќи ние сме дел од оваа заедница- изјавија од телевизијата за „Yahoo“. 

- Нашите мисли и молитви одат кај нивните семејства и целата заедница во ова тешко време- додаваат.

„The Mary B II“ побара придружба од крајбрежната стража при преминувањето, кога тројцата рибари влегоа во водата. Според локалната новинска станица „KGW8“, пловењето беше затворено за сите бродови, освен оние со лиценци, како што е овој брод, поради временските услови. Властите велат дека екипи се соочиле со 12 до 14 метарски бранови додека се обидувале да ги спасат оние што биле на бродот. Џејмс Лејси (48), Џошуа Портер (50) и капитенот на бродот, Стефан Бирначки (50), беа пронајдени мртви.

Иако капетанот и екипажот на „The Mary B II“  не беа прикажани во сезоната 2016 на „Deadliest Catch: Dungeon Cove“, бродот беше главен пример, кога шоуто ги истакна опасностите за пловење со полн товар ракчиња.