„Très chic“ трик на првата дама! Омилената модна комбинација на Брижит Макрон ѝ стои на секоја жена-од 19 до 99 години!

Добивај вести на Viber

Модна инспирација за секоја пригода: комбинација која првата дама на Франција сака да ја носи секогаш и секаде

Брижит Макрон, првата дама на Франција, не се појавува често на телевизија, па нејзиното појавување на ТВ TF1 во понеделникот беше вистинско изненадување за нејзините фанови.

Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон се појави во емисија за да ја најави традиционалната хуманитарна акција „Жолти делови“, чија цел е подобрување на условите за лекување на деца и млади.

FOTO: LUDOVIC MARIN-POOL / SIPA PRESS / PROFIMEDIA


За оваа пригода госпоѓа Макрон избра деловно издание со примеси на романтика – бела блуза украсена со  pussy bow и плишана маслинесто зелена јакна со класичен дизајн.

View this post on Instagram

A post shared by Valeurs actuelles (@valeurs_actuelles)



Ова е омилената облека на Брижит Макрон, а истата ја носеше безброј пати откако стана прва дама. Таа може да се пофали со завидна колекција на јакни од сите бои и претежно струкирани модели со ефективни ревери, како и палета на бели кошули и блузи.

Иако модните експерименти не и се непознати, Брижит претпочита да носи едноставни бели кошули во комбинација со блејзер, кој секогаш ги истакнува рамениците, има долги, а понекогаш и пошироки ревери и ѝ ласка на фигурата со со струкиран крој .

Сопругата на Макрон ја носи омилената модна комбинација на разни начини! Тоа обично го прави со длабоки панталони со праволиниски крој и салонки од лакирана кожа, но не и е непознато да го комплетира своето издание со фармерки и бели патики или кратки чизми со превртена кожа.

Во зависност од приликата, таа успева без напор да го истакне класичниот француски шик и секоја облека да има совршен шмек на деловен стил.


ФОТО: Инстаграм