Ту трач ор нат ту трач
Еј ама си ослабелааа…Абе шо си се здебелила шо е работава? Ау не ти личи скроз, одма мора да ослабеш! Дај бе стави некое кило види колку си сува шо ти е, нејќат мажите вакви ко тебе…Поубава ми беше слаба, шо знам, вака некако … Леле колку е здебелена еј, џабе ослабе, значи знаев дека пак ќе стане тенк. Абе на шо личи ваква слаба дај нека и каже некој види ја каква е..
Дали сте сериозни бе жени? Дали озбилно после се што ни помина родов од моментот на создавање до ден денешен, нам главна тема на дискусија ни е која колку ослабела, колку се здебелила, (иде тука и пакетот која со кого се е.е нели ама ај денес за килцава малку). Дали покрај секоја можна феминистка, кариеристка, реализирана и едуцирана жена, покрај цел вложен труд на индивидуалки да дадеме на значај на многу поважни работи во животов од вишак или мањак сало, вие и понатаму единствено и само со тоа се бавите. Ајде ок, дел од вас на прва рака разговор, муабетче колку да се скрши мразот, но повторно со акцент на ЈАС МИСЛАМ за неа. Дали некогаш сте се запрашале зошто некој слабее или се дебелее. За оние кои ја пратат мојава приказна, знаат дека причината зошто стопив 25кг беше здраствена. Причината зошто повторно качив цели 6кг е здраствена. Кој побогу ви дал вам на право да имате мислење како и зошто јас треба да изгледам слабо или дебело. Кој побогу му дава на било кого право да формира мислење за изглед, одбрана професија, избор на партнер, место за одмор, храна за јадење, религија, за некој со кого во животов испил само едно кафе, или воопшто не го познава, или го мањачи по социјални медиуми. Кој па ви дал право да го коментирате истото за било кого на планетава. Ај ок, ќе разберам по некоја трач рубрика со најблиските, не сме безгрешни, сите сме со фелер. Но аманте бре жени, од каде толку став за сите други освен за самите себе. Тука е грешката, тука е пропустот, пред да се впери прст, никој не се погледнува во огледало. А и кога ќе се погледне, ги затвара очите пред вистината за себе.
Полни со осуда за другите, се маргинализираме себе си, ставаме приоритет на туѓи животни дејствија и се повлекуваме во оклоп на фрустрации и самонаметнати стресови. И судиме, ко да ни дал севишнион права на секоја од нас да и суди на другата покрај неа, една до една све светици. Па потоа се заробуваме во магичен круг на површни четива од типот на Жените се од Венера а мажите од Марс и губиме од интелигенција.
Ајде денес, пред да отворите инстаграм или фб, за да проверите која, што, колку јадела, кој и го платил јадењето, дали користи фотошоп на сликите и кои брендови ги натега на себе, прво одете до најблиското огледало и прашајте се себе си каде сте. Дали сте среќни со сопствената позиција во животот? Ако сте, зошто побогу дремете и воајеришете туѓи профили? Ако не сте, зошто не превземете нешто по повод тоа и повторно за утеха дремете по социјалниве медиуми?!
Ниту една од нас нема право да осудува друга. Доволно ни е тежок животов во реалниов патријархат со глумење на женски права, па уште и една со друга очи ќе си повадиме! Ама никако реално, строго по трач рубрики или со демек најдобронамерни коментари. Знам те пушко кад си пиштољ била, очите издаваат и злоба и замерка и ситење и завист. Полека Прелепотици, чувајте си го грбот, се потешко и потешко е за една жена на светов, поготово за свесна жена која што знае што сака! Потребно е наместо да вперуваме прсти, да си подадеме рака. Пред да искоментираш, прашај на само, никогаш не можеш ни да претпоставиш која е причината за нечија моментална состојба. А и јас пак ќурка една, понесена од его, дозволив да се водам по интернет стандарди за комуникација ослабев, се здебелив! И еве пак ќе ги стопам килограмиве за еден месец, и после што правиме? За некој пак ќе бидам слаба, за некој пак ќе бидам дебела, некој пак ќе си пукне од мука, а некој повеќе ќе ме сака дека ќе исполнувам естетски критериуми на масата. Колку год килограми да имаме, целулити, вишоци или недостатоци, колку год да е клише, убавината е во енергијата и насмевката која ја носите на себе. Намасте Прелепотици, искулирајте, имаме далеку посериозни проблеми од килограмите. Се гасиме полека, емоциите ни се претвораат во прашина, не знаеме за почит и губиме на основни вредности. Во Кина сум, отидов да јадам кинески сутлијаш, ми сака душава и новиов задник. Позз.
Јас сум Ивана Кнез, зголемете си ги критериумите и омекнете го срцето малку. Вратете си го човекот на прво место, без осуда, без злоба и завист, со едно чудо позитивна енергија и емоции. За да можете вистински да ги видите луѓето околу себе.
П.С. Што е тоа што те прави среќна? Дали си среќна? Што за тебе е среќа?
Забелешка: Прашањава важат за вистински луѓе.