Турската новинарка која го водеше интервјуто со Пандев на македонски јазик, е родена во Охрид: Детали за животот на убавата Сејхан

Откако капитенот и гордоста на македонскиот фудбал, Горан Пандев најави дека последниот натпревар на Европското Првенство, ќе биде воедно и негов последен натпревар одигран за македонската репрезентација, земји од сите делови на светот ја пренесуваат веста. 

Пандев се појави во голем број телевизии да дава изјави и интервјуа, по повод оваа негова одлука. 

Едно од интервјуата што привлече особено големо внимание е онаа со убавата турска новинарка Сејхан Шашко за beIN Sports Turkey, која интервјуто го правеше на македонски јазик и со тоа му оддаде голема чест на Пандев, но и на македонскиот народ.


Имено, Сејхан Шашко е родена на 7 јануари 1989 година во Македонија, во Охрид каде што живеела до тригодишна возраст, а потоа со семејството се преселила во Истанбул поради професијата на нејзиниот татко.
Своето образование го започнала во Истанбул, а била заинтересиранa за спорт од рана возраст, особено за тенис.

Својата телевизиска кариера ја започнала во ТРТ во 2009 година. Работела на неколку канали, а во моментов ја продолжува својата кариера во beIN Sports Turkey.

Таа игра тенис како аматер и свири и пијано.

Некое време се забавувала со поранешниот фудбалер и коментатор Тункај Шанли. Потоа од 2019 година започнала да се забавува со Ерсин Дору - новинар и фудбалски коментатор.

Сејхан се омажи за него на 18 март годинава.


извор:wikipedia

фото:instagram