Јана Мишо е урбана, млада девојка, со свој посебен стил на пишување и облекување. Девојка која многу патува, чита, пишува и ужива во секој момент од денот. Читателската публика веќе добро ја знае по нејзините книги „Како се оди во Париз - прирачник со дневник за патување“, „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“.
За HASHTAG.MK Јана се навраќа на тинејџерските години и во нејзин стил дава кул совети и предлози како повеќе да уживате во патувањата и како да имате успешни Instagram приказни.