Уапсен е продуцентот на Бијонсе: Обвинет за 15 силувања и злоупотреби

Продуцентот на Бијонсе е уапсен со 15 обвиненија за сексуална злоупотреба.

Продуцентот Дитејл е уапсен во Лос Анџелес, откако беше обвинет 15 пати за силување и злоупотреба.

Музичкиот продуцент и добитник на Греми награди, Дитејл (41) беше уапсен во средата за серија наводни сексуални напади, вели шерифот од Лос Анџелес.

Имено, продуцентот чие вистинско име е Ноел Кристофер Фишер, произведе многу хитови за мега sвездата Бијонсе (38) и раперот Лил Вејн, како и други познати музичари, и се издвои кога освоија Греми за песната „Drunk in love“ на Бијонсе за најдобра Р'н'б песна и најдобра изведба на Р'н'б песна на сцената за 2015 година.


Кауцијата, да се брани од слобода е 6,3 милиони долари, а тој е обвинет за 15 сексуални напади, кои, наводно, се случиле помеѓу 2010 и 2018 година.

Дитејл е активен во музичката индустрија од 2005 година и продуцира песни за Реј Џеј, Пусикет долс, Лејди Гага, Џенифер Лопез и многу други.

Минатата година манекенка и пејачка освои тужба во вредност од 15 милиони долари во Лос Анџелес, кога го обвини за силување и злоупотреба.

извор:telegraf.rs