Убав на мама или на тато: Порасна синот на Бали Бег и Неџла (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Турските глумци Бурак Озчивит (Бали Бег) и Фахрије Евчен се горди родители. Долго време се на малите екрани глумејќи во турските серии, а активни се и на социјалните мрежи каде постојано објавуваат фотографии како уживаат со синчето Каран.


Бурак и Фахрије пред три години го добија синот, а со фотографиите на социјалните мрежи тие ги побиваат тврдењата во некои турски медиуми дека има несогласувања меѓу нив кога станува збор за одгледување на нивниот син.

Атрактивната двојка не го изложува синот премногу на социјалните мрежи, но има мигови кога ќе ги израдуваат обожавателите со фотка од Каран, кој дефинитивно ја наследил убавината и од мама и од тато.


Во однос на прашањето на кого личи малиот Каран, мислењата се поделени, а преовладуваат коментари дека повеќе е татин син. 

Инаку, Фахрие и Бурак се венчаа во 2017 година.


Фото: Инстаграм

Може да ве интересира:

(ВИДЕО) Се шушкаше дека се разведуваат: Бали Бег и Неџла уживаат со синчето

(ФОТО) На кого личи: Синот на Неџла и Бали Бег