Убави вести од домот на Швајнштајгер: Откриен полот на третото дете на Ана Ивановиќ и Бастијан
На нивните синови Лука и Леон наскоро ќе им се придружи уште еден член
Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер наскоро ќе станат родители по трет пат.
Како што вели близок извор за српски Курир, на нивните синови Лука и Леон наскоро ќе им се придружи уште едно момче.
‒ Сè оди добро, родителите се среќни и задоволни, а на последниот преглед докторот ѝ рекол на Ана дека ќе добие момче. За тоа се информирани најблиските членови на семејството - пишува Курир.
Да потсетиме, тие се преселиле од Чикаго во селото Вестендорф во Австрија, далеку од градската гужва, за нивните наследници да пораснат во мир.
Поранешната тенисерка изненади многумина и со изјавата дека нејзините синови кои се родени во брак со познатиот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, воопшто не се свесни колку се познати нивните родители.
- Нашите деца не знаат кои сме во однос на нашата кариера. Дури и кога луѓето не запираат да се фотографираме, тоа е многу интересно, бидејќи тие воопшто не го разбираат тоа. Мислат дека се некои од нашите пријатели. Еднаш се случи Бастијан да го сопрат неколку пати, а мојот постар син ме праша „мамо, зошто се фотографираат толку многу со тато“, го прашав што мисли, а тој ми одговори дека мисли дека не е убаво. Значи, не сакаме да ги оптоваруваме, сакаме тие да имаат свој начин. Тие двајца се тотално различни, но се и доста блиски, што е многу важно – изјави во една прилика Ана Ивановиќ за телевизија Нова.
Фото: Инстаграм - Ана Ивановиќ