Убавицата и генијалка со IQ 152 ја обвинија дека правела ботокс:„Невозможно е да изгледа вака на 47“ - таа ја откри тајната

Фотографијата на актерката Кејт Бекинсејл во бикини на Инстаграм, покрај пофалбите во коментарите, предизвика и сомнеж, т.е. како е можно актерката на 47-годишна возраст сепак да изгледа неверојатно младо.

„Целото мое семејство е младо, дури и моето деветгодишно куче изгледа како кутре“, се пошегува Кејт Бекинсејл во интервју за „Сандеј тајмс“.



Британската sвезда вели дека ботоксот не е „тајната состојка“ што ја прави млада.

„Никогаш не сум ставила ботокс. Не сум против тоа, но од друга страна ме нервира затоа што има луѓе кои тврдат дека сум го вбризгала во моето лице, а не сум. Се плашам од мислата дека лицето ќе ми биде парализирано. Мајка ми не сака да оди на никаков козметички третман затоа што е многу сомнителна, а сепак изгледа неверојатно младолико. Знам дека ако направам ботокс ќе имав толку среќа што ќе ми падне окото и веднаш ќе ми рече мама– ти реков јас. Така да, нема шанси“, рече Бекинсејл.

Актерката призна дека постои третман кој и помага. 

„Само PRP. Тие ви ја вадат крвна плазма и се вбризгува во вашата кожа. Тоа е вистинската работа и тоа е нешто од вашето тело. Тие отрови ме плашат", заклучи актерката.

Кејт Бекинсејл е позната во Холивуд како генијалец чиј коефициент на интелигенција е 152, а дипломирала на Оксфорд и течно зборува руски јазик.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Тијана во одбрана на Кристина Ковач: Природна жена, без грам шминка