Убаво е да се стаса дома на вечера која се нарекува ручек: 14 души никогаш повеќе нема да се вратат дома

Тешко утро... 

Ги гледам секое утро и попладне како доаѓаат во Скопје на работа, на пазарење, на факултет, на училиште, односно се враќаат во своите домови во Тетово и Гостивар. На “Партизанска“ имаат повеќе автобуски постојки, каде нивните автобуси и мали патнички комбиња, застануваат за да ги земат своите редовни патници. Скопје не е далеку, ама нивното работно време е продолжено, и на доаѓање и на враќање. Различни возрасти, машки и женски, деца. Враќањето дома секогаш е исполнето со посебно чувство на спокој и опуштеност. Гостивар и Тетово не се далеку, ама удобноста на модерните автобуси и комбиња, на враќање, нудат услови за пријатна попладневна дремка. Убаво е да се стаса дома на вечера која се нарекува ручек. Родители, деца, сопруги и сопрузи ве пречекуваат. Секој ден иста патека, различни приказни...

Вчерашната е тешка и многу тажна. 14 души никогаш повеќе нема да се вратат дома. Ќе ги нема и утрово да тргнат кон своите дестинации во Скопје. Ќе ги бараат сопатниците со кои можеби никогаш не направиле муабет, ама ги познаваат, знаете, онака, од автобус. Доволно да потечат солзи, да почувствуваш болка во градите, да ти се вознемири душата...

Тивко е ова сончево утро. Тажно, чинам и Шара се наведнала од болка... Тешко утро...



(Фејсбук статус на Борче Трајковски посветен на трагичната несреќа која ја потресе Македонија)