Убаво е по 10 години да се работи дома: Милчо Манчевски со "Врба" на Филмскиот фестивал во Рим

Добивај вести на Viber

Приказната на филмот "Врба" е љубовна.
 Раскажува за лојалноста, за односот на поединецот кон општеството и односот на општеството кон него, рече Милчо Манчевски на денешната прес конференција во Скопје. 
"Врба" е шести по ред филм на Манчевски, а на 19 октомври ќе ја има својата премиера на Филмскиот фестивал во Рим. "Врба" е првиот македонски филм кој ќе се прикажува на престижниот италијански фестивал. 

"Во филмот има три приказни кои се отсликуваат една со друга, и се контраст. Едната се случува во средниот век а другите две се современи. Ова е филм со среќен крај", додаде Манчевски.
 "Врба" е во официјалната селекција на 30-тина филмови заедно со најновото остварување на Мартин Скорсезе "The Irishman". 

Филмот е во продукција на "Банана филм" и е македонско-унгарско белгиска копродукција. "Убаво е по десет години повторно да се работи дома", рече Манчевски. Никола Ристески, Сара Климоска, Јелена Јованова-Периќ,Камка Тоциноски се дел од актерската екипа. 
Филмот е снимен пред предвидениот рок, а тимот на Манчевски наскоро ќе објави кога ќе биде закажана македонската премиера.