ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Убедливо најдобриот рецепт за среќа!

Ништо не е толку вечно како мудроста на нашите предци, а сите нивни рецепти се и тоа како применливи и ден денес. За човековата среќа се кажани многу работи, повозрасните ни дале и бројни рецепти, но толку едноставен сигурно не сте виделе. 

Како што велат бабите и дедовците, за среќа ви се потребни само две работи...

Во животот треба да се грижите само за две работи:

Дали си здрав или си болен. 

Ако си здрав тогаш нема за што да се грижиш. Но ако си болен, само за две нешта треба да се грижиш:

Дали ќе оздравиш или ќе умреш.

Ако оздравиш, тогаш нема зошто да се грижиш.

Но ако умреш само за две работи треба да се грижиш:

Дали ќе одиш во рајот или пеколот.

Ако одиш во рајот тогаш нема зошто да се грижиш.

Но, ако одиш во пеколот, ќе бидеш толку зафатен поздравувајќи се со своите пријатели така да ќе немаш време за грижа!

Затоа, зошто да се грижиш?

Биди среќен!