Учениците се враќаат во клупите, со маски на лицата и социјална дистанца, часот ќе трае 20 минути

Oткако Фактор објави дека учениците една недела ќе бидат во училиште, а една недела онлајн, Тв 21 доби потврда за ова од Министерството за образование. 
Со маски и вршејќи редовна дезинфекција на рацете и со часови кои ќе траат по 20 минути. Вака ќе се одвива наставата од септември. Ако една паралелка има поголем број ученици, тогаш ќе биде поделена во две групи, а наставата ќе ја држи истата наставничка. Ова е еден од начините на кој ќе се реализира учебната година од септември, вели заменик-министерката за образование, Елизабета Наумовска, објави ТВ 21. 

Ако во некое одделение има деца со хронични болести, тогаш тие наставата ќе ја следат онлајн. Се разгледува можноста како да се реализира тоа.Другиот модел е комбиниран. Ова овозможува – во случај училиштата да немаат доволно простор, одделенијата да се поделат во две групи. Во тој случај наставата ќе биде комбинирана.