УНИБанка заедно со вработените го одбележа Светскиот ден без автомобили

Добивај вести на Viber

Оваа година УНИБанка со низа активности, го поддржа Светскиот ден без автомобили, сè со цел да се намали негативното влијание врз животната средина, а истовремено позитивно да влијае врз навиките на своите вработени како и заедницата.

Банката ги мотивираше вработените седмицата од 16 до 22 септември да ги земат своите велосипеди, електрични мопеди или едноставно пеш да дојдат до работа и назад, и заедно сите да се погрижат за намалувањето на емисија за CO2.

Под мотото #ЗаПриродатаСмеСите голем број од вработените се приклучија на иницијативата, дури и споделувајќи ја на социјалните медиуми нивната активност, мотивирајќи ги и останатите од локалната заедница на здрави навики, како пример за совесно делување и грижа за животната околина.

22 Септември, Светскиот ден без автомобили Банката го одбележа со вработените и нивните деца со заедничко УНИВело дружење.

Дружењето беше организирано во соработка со ВК Енерџи и започна со возење велосипеди од централата на Банката до Паркот Гази Баба. Дружењето продолжи во паркот со организирани забавни трки, музика, освежување и здрави оброци и многу подароци.

УНИБанка ја заокружи оваа иницијатива со доделување на ваучери на вработените за сервисирање на нивните велосипеди, со цел поголема примена на еколошките транспортни решенија во секојдневието.

Како општествено одговорна компанија со високи корпоративни вредности, Банката и овој пат покажа дека преку општествено одговорните практики несебично придонесува за зачувување на животната околина како и поттикнување на свеста на своите вработени.

ПР објава