Здравје // Рецепти
Универзален намаз за пита: Ако ја премачкате секоја кора со овој состав, ќе добиете вкусно и меко пециво кое се лепи за непцето
Квалитетот на кората не е важен, сè додека не ја премачкате со овој состав
Ако секоја кора ја премачкате со овој премаз, пред да го ставите филот (било сладок или солен), ќе ја добиете најмеката и највкусната пита на светот:
Состојки:
8 лажици брашно
2 чаши млеко
1 сув квасец
1 шолја масло
сол или шеќер (во зависност од тоа која пита ја правите)
Подготовка:
Во сад измешајте ги наведените состојки за преливот. Кога правиме пити од готови кори, без разлика дали се солени или слатки, секоја кора ја премачкуваме со овој прелив и потоа ја филуваме на вообичаен начин. Преостанатиот прелив го прелеваме врз питата и оставаме така час и половина пред печењето.
Питата ќе биде подобра и повкусна.
Извор: stil.kurir.rs